(ФОТО) Роналдо му беше идол на момче од Грузија, а синоќа сензационално го пoбеди и му го зеде дресот

Неверојатна приказна го доби својот епилог синоќа на натпреварот помеѓу Португалија и Грузија.

Се’ е можно доколку се посветите на себе и на својот развој, а тоа го покажаа и борбените Грузијци кои сензационално триумфираа против фаворизираната Португалија и се пласираа во осминафиналето на ЕП.

 

 

Пред 10 години, кога уште беа деца, како навивачи се фотографираа со него, а синоќа на ЕП играа против легендарниот Португалец.

 

 

Во 2013 година Роналдо ги посети Тбилиси и младинската академија на Динамо, каде што играше денешната ѕвезда на Наполи, Квич Кварацкелија, а уште десетмина ги исполнија своите соништа играјќи на големата сцена против својот поранешен идол.

По натпреварот Квич отиде да се поздрави со Роналдо, а подоцна на Инстаграм објави дека добил дрес од Португалецот.

Животот навистина пишува романи…

Роналдо беше ѕвезда на отворањето на академијата која традиционално дава најмногу играчи за грузиската репрезентација. Така било отсекогаш, но отворањето на академијата на Динамо пред 11 години помогна нивниот фудбал да се подигне на едно ново ниво, односно на она на кое се сега.

Заедно со Кварацкелија, во академијата се приклучија и останатите ѕвезди на репрезентацијата, како голманот на Валенсија Мамардашвили или Давиташвили од Бордо. Клучните грузиски играчи како Мекавабишвили, Чакветадзе и Кочорашвили беа и во академијата на Динамо во 2013 година кога пристигна Роналдо.

Португалците во осминафиналето на 1 јули ќе играат со Словенија, а ден претходно Грузијците ќе се соочат со Шпанците.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.