Судијата на натпреварот Турција-Чешка покажа најмногу картони во историјата на Европските првенства

Репрезентациите на Турција и Чешка во среда, на 26 јуни, го одиграа натпреварот од третото коло од групата Ф, кој го реши преминот во нокаут фазата на Европското првенство во Германија.

 

Турците успеаја да ги совладаат Чесите со резултат 2:1 и со тоа да се пласираат во продолжението од натпреварувањето.

 

Хакан Чалханоглу и Ченк Тосун погодија за Турција, додека Соучек беше единствениот стрелец за Чешка.

 

На овој натпревар забележан е и рекорден број картони во историјата на ЕП, кои ги покажа главниот судија Иштван Ковач.

 

На турските ракометари им покажа дури 11 жолти картони, а на Чесите седум жолти и еден црвен.

 

Треба да се нагласи дека рекордот беше соборен и кога се во прашање големите натпреварувања, со оглед на тоа што рекордот на светските првенства е 16 карти.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.