Гундоган на пат кон Манчестер

Илкај Гундоган е на пат кон Манчестер. Пеп Гвардиола дал зелено светло за реализиција на трансферот. Гундоган како слободен играч се враќа во Сити, откако се спогоди со Барселона. Германскиот репрезентативец со англискиот првак ќе потпише едно годишен договор.

Гундоган минатото лето се пресели во Барселона, имаше добра сезона, но во летниот преоден рок работите се влошија. Наводно Гундган не сакал Дани Олмо да дојде во Барселона, додека други извори тврдат дека клубот по секоја цена имал намера да се ослободи од платата на Германецот. Доколку останеше, Барселона ќе требаше да издвои 18.000.000 евра за платата на Гундоган.

Според англиските медиуми, поранешниот капитен за Сити би можел да дебитира веќе во сабота против Испвич.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.