На Дончиќ не треба да му даваат пиво

Лука Дончиќ, најдобриот стрелец во НБА минатата сезона и член на идеалната петорка, летово сосема ненадејно започнаа да го поврзуваат со една од најславните франшизи во лигата, ЛА Лејкерс.

 

Големото прашање е колку е тоа реално, бидејќи тој има многу јак договор со Далас Маверикс.

 

Но, ако го прашате седумкратниот шампион и поранешен „езерџија“ Роберт Ори, тоа никогаш не треба да се случи.

 

„Колку години ќе има кога ќе му заврши договорот? 31, 32? Тој не е ниту еден од најдобрите одбранбени играчи во лигата во моментов, а тоа е проблем на Лејкерси. Тие мора да доведат атлетски играчи кои играат добра одбрана. Лука не е добра во одбраната. Може да погодува како ниту еден друг играч во лигата, но некој мора прво да му го тргне пивото, бидејќи тој не е тип на играч кој секогаш е во форма. Таков играч не им е потребен на Лејкерси “, рече Ори.

 

Дончиќ минатата сезона играше во финалето на НБА лигата со Далас и го загуби со вкупни 4:1 од Бостон Селтикс.

 

Минатата сезона Словенецот имаше просек од 33,9 поени, 9,2 скока и 9,8 асистенции по натпревар.

 

Роберт Ори во кариерата седум пати бил НБА шампион со три различни франшизи. По две титули освои со Хјустон и Сан Антонио, три пати со ЛА Лејкерс.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.