„Нека види јавноста како ме силуваат“: жената чиј сопруг организирал да биде силувана од 70 мажи побарала видеата од силувањето да бидат прикажани во јавноста
- Детали
- Категорија: Свет
- Создадено: 07 Октомври 2024
Француската судијка Роже Арата одлучи видеоснимката од силувањето на Жизел Пелико да им биде прикажана на новинарите и на јавноста во судницата.
Медиумите потсетуваат дека се работи за шокантен случај на силување организиран од нејзиниот сопруг, во кој учествувале повеќе од 70 мажи во текот на девет години, пренесува АП.
Пелико (71) стана симбол на борбата против сексуалното насилство во Франција и инсистира судењето да биде јавно, спротивно на предлогот на судот. Со помош на својот правен тим таа побара и снимките да бидат прикажани во јавноста бидејќи сака случајот да послужи како национален пример.
„Ова е единствен случај, немаме еден доказ за силување, туку стотици. Жизел Пелико смета дека шокот што ќе следува е неопходен за никој од обвинетите да не може да каже: „Не знаев дека е силување“, изјави адвокатот Стефан Бабоно, пишува АП.
Огромното мнозинство од обвинетите негираат вина за силување, а некои од нив дури тврдат дека нејзиниот сопруг ги принудил на секс со Жизел, на што се согласиле бидејќи биле преплашени. Некои тврдат дека верувале оти таа се согласила на сексуален однос или дека согласноста на нејзиниот сопруг била доволна.
Тимот за застапување на жртвата вели дека видеата говорат сами за себе.
Судијката Арата ја смени својата претходна одлука дека снимката ќе се прикажува само во одредени случаи и зад затворени врати. Досега новинарите и јавноста мораа секојпат да ја напуштаат судницата за време на прикажувањето на видеото.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс