Амбасадорот на Кина: Кинеско-српските односи во моментов се во најдобриот период во историјата

Амбасадорот на Кина во Србија, Ли Минг, рече дека Кина и Србија се челични пријатели и дека во последните години ја продлабочиле политичката и меѓусебната доверба, цврсто ги поддржуваат меѓусебните витални интереси за важни прашања и заеднички го зачувуваат меѓународниот поредок, правичност и правда.

 

Амбасадорот Ли во интервју за денешниот „Новости“ вели дека двете земји имаат плодни резултати од практична соработка и голем број големи проекти.

 

Тој посочи дека Кина е подготвена, заедно со Србија, дополнително да го реализираат важниот консензус постигнат меѓу двајцата шефови на држави и оти кинеско-српските односи во моментов се во најдобриот период во историјата.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.