Од денеска до сабота „Пиволенд“ тринаесетти пат во Скопје
- Детали
- Категорија: ШоуБиз
- Создадено: 16 Октомври 2024
Од 16 до 19 октомври во Паркот на франкофонијата ќе се одржи тринаесеттото издание на најстариот пивски фестивал во Скопје, „Пиволенд“.
Фестивалот, кој традиционално се одржува од 2009 година, за посетителите ќе понуди повеќе од 30 разновидни брендови, со повеќе од 100 вида индустриско и занаетчиско пиво, вкусни деликатеси, како и повеќе од 40 музички артисти.
Фокусот и оваа година е на поддршка на македонската музичка сцена и Скопје ќе пулсира во ритамот на рокенролот, реге, панк, хипхоп, поп и блуз, а своја шанса да се претстават пред македонската публика ќе имаат и млади и надежни имиња.
На главната сцена на „Пиволенд“ ќе настапат Бадминтонс, Морал, Паркети, Викеда, Д Далтонс, Пичвајз, Занаду, Деменси, Гуру Харе бенд, Диџеј Славе, Бело копче, Огнен Здравковски, Културно-уметнички работници и многу други.
За најмладите в сабота е подготвена и дневна програма, а на сцената ќе свират млади бендови од училиштата „Ентерпрајз“ и „Мјузик лаб“.
Почетокот на фестивалот денеска е од 18, а од организацијата испраќаат покана до сите љубители на пивото и поддржувачи на „Пиволенд“ – „Бидете дел и од годишното издание на ‘Пиволенд’ за заедно да продолжиме една убава скопска традиција и да го исполниме нашето мото – Дојди, види, испиј!“
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс