Најубавата актерка на светот фотографирана на снимање нов филм, изгледа непрепознатливо

Сидни Свини деновиве е снимена на сет на филмот во кој ќе ја толкува славната боксерка Кристи Мартин.

 

27-годишната актерка се маскирала во боксерката за потребите на снимањето и нејзините фотографии бргу се проширија на социјалните мрежи.

 

Многумина напишаа дека Сидни им изгледа непрепознатливо. Таа носеше кафеава кадрава перика, сина марама и широка облека за да го прикаже животот на Марта во 90-тите пред нејзиниот сопруг Џејмс да се обиде да ја убие.

 

„Каква трансформација“, „Жената е одличен секс симбол, но уште поголема актерка“, „Мислам дека ова ќе биде одлична интерпретација“, „Премногу добро“, пишуваат луѓето на „Икс“.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.