Нови пријави за бомби во училиштата во БиХ

Католичкиот училиштен центар во Зеница беше евакуиран кога училишната управа доби закана за бомба. Заканите што доведоа до хаос во училиштата во Сараево се проширија и надвор од главниот град на Босна и Херцеговина.

 

Портпаролот на полицијата на Зеничко-добојската жупанија, Самир Валентиќ, потврди дека информацијата за поставената бомба стигнала нешто по осум часот.

 

„По тоа, полицајците ги евакуирале сите ученици и почнале антидиверзантски увид“, изјави Валентиќ.

 

Речиси во исто време закани за бомби пристигнале и во две училишта во Сараево, па морале да ја прекинат наставата и таму, а учениците биле евакуирани.

 

Претходно оваа недела, сараевската полиција идентификува и приведе тројца малолетници за кои беше откриено дека испраќале закани до училиштата.

 

Еден од нив, како што е откриено во текот на истрагата, дури 49 пати испратил закани за бомба по електронска пошта.

 

По кривичната постапка, тој е предаден на Обвинителството на жупанијата Сараево. Потоа обвинителот му предложи на судијата за малолетници на Општинскиот суд во Сараево да му одреди едномесечен притвор поради сомнение за сторени кривични дела – загрозување на сигурноста и лажно пријавување.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.