Детали за смртта на Лијам Пејн: имал 25 повреди

Лијам Пејн (31), поранешен член на „Уан дајрекшн“, почина во средата во Аргентина. Британскиот пејач е пронајден во Буенос Аирес.

 

Си-ен-ен пишува дека пејачот бил пронајден мртов пред хотелот „Каса сур“ во луксузниот кварт Палермо откога паднал од третиот кат. Смртта ја констатирала полицијата, а лекарите рекле дека нема начин да се спаси. Очевидци за американскиот таблоид ТМЗ изјавија дека несреќата се случила нешто по 17 часот (локално време). Тие тврдат и дека Лијам претходно чудно се однесувал во лобито на хотелот. Напоменуваат дека го скршил лаптопот.

 

 

И во официјалното соопштение се вели дека полицајците биле испратени во хотелот по итен повик, во кој биле информирани за агресивен маж, кој можеби бил под дејство на дрога и алкохол. Кога стигнале, полицаецот, како што вели, слушнал силна бучава во внатрешниот двор на хотелот.

 

Би-би-си доби извештај од канцеларијата на јавниот обвинител во Буенос Аирес, во кој детаљно е опишано што досега дознале истражителите за смртта на Лијам Пејн. Во извештајот се вели дека смртта на пејачот се истражува како сомнителна поради локалните протоколи, но доказите сугерираат дека тој бил сам во хотелската соба во моментот на инцидентот.

 

Инспекторите сè уште испрашуваат пет сведоци – тројца вработени во хотелот и две жени, кои биле во собата на Лијам ноќта пред неговата смрт. Се наведува дека во собата била пронајдена дрога и алкохол. Првата обдукција покажала дека Лијам добил 25 повреди од падот. Ќе се прават и токсиколошки тестови. Се додава дека пејачот, најверојатно, паднал додека бил полусвесен или целосно онесвестен.

 

 

Полицијата од Буенос Аирес потврди дека истрагата на местото на кое паднал музичарот е завршена, пишува Би-би-си. Додаваат дека во хотелската соба во која престојувал биле пронајдени запалка, мобилен телефон и шише виски.

 

„Персоналот пронашол тотален хаос и оштетени предмети во собата“, додаваат тие. Пронајдоа и разни кутии со лекови, тетратка и пасош. Полицијата извести дека прелиминарната обдукција покажала оти Пејн претрпел внатрешно и надворешно крвавење и починал како последица на падот.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.