Токсичниот смог во Индија го покри Таџ Махал, летовите во Њу Делхи одложени

Токсичниот смог предизвика денеска доцнење на летовите на аеродромот во Њу Делхи, а апликацијата за следење летови Flightradar24 покажува дека 88 отсто од полетувањата и 54 отсто од пристигнувањата се одложени, пренесе „Ројтерс“.

 

Официјалните лица го обвинија високото ниво на загадување, во комбинација со влажноста и намалениот ветер, за густиот смог, кој ја намали видливоста на меѓународниот аеродром на 300 метри.

 

Смогот го покри и познатиот индиски споменик на љубовта, Таџ Махал, во градот Агра, како и најсветото светилиште на сикизмот, Златниот храм во Амритсар





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.