По САД, три членки на ЕУ ги затворија своите амбасади во Киев
- Детали
- Категорија: Свет
- Создадено: 20 Ноември 2024
Италија, Шпанија и Грција денеска ги затворија своите амбасади во Киев поради американските информации за можен руски напад со беспилотни летала и проектили врз главниот град на Украина во текот на денот, јави украинската државна телевизија „Суспилна“.
Како што се наведува, податоците на украинското разузнавање укажуваат на можен руски комбиниран напад со беспилотни летала и ракети врз Киев, а не се смета дека потенцијалниот напад е поврзан со вчерашната промена на руската нуклеарна доктрина, пишува „Гардијан“.
Претходно утринава, САД привремено ја затворија својата амбасада во Киев поради „конкретни информации за потенцијален значаен воздушен напад“ во текот на денот, соопшти Стејт департментот.
„Како мерка на претпазливост, Амбасадата ќе биде затворена, а на вработените во неа им е наредено да се евакуираат на безбедно. Амбасадата на САД препорачува граѓаните на САД да бидат подготвени за итна евакуација во случај да биде издадена воздушна тревога“, се вели во соопштението, пренесе „Скај њуз“.
„Укринформ“ објави дека во Киев во сила е воздушна тревога и дека експлозии може да се слушнат во главниот град.
Украинската армија исто така ги предупреди граѓаните за беспилотни летала над Киев и беа активирани системите за противвоздушна одбрана.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс