Ердоган: Турција ќе ѝ помогне на новата сириска влада

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека Турција ќе ѝ помогне на новата сириска влада во формирањето државна структура и изготвувањето на новиот устав.

 

Говорејќи пред новинарите на враќање од состанокот Д8 во Египет, Ердоган најави дека турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан набргу ќе го посети Дамаск за да разговара за новата структура, иако не откри повеќе детали, објави „Ројтерс“.

 

Претседателот на Турција се надева дека формирањето на новата сириска влада, предводена од Ахмад ал-Шара, попознат како Абу Мохамед ал-Џавлани, ќе означи почеток на ново ниво на билатерални односи меѓу Турција и Сирија.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.