Вицепремиерот на Црна Гора објави дека пали свеќа за жртвите во Цетиње, фотографијата е од 2023 година

Потпретседателот на владата на Црна Гора, Алекса Бечиќ, синоќа со објава на социјалните мрежи им оддаде почит на жртвите во Цетиње, но искористи фотографија стара речиси две години, пишува „Блиц.рс“.

 

 

Заедно со сочувството Бечиќ објави фотографија направена пред речиси две години, во март 2023 година, на која држи запалена свеќа. Во објава на 24 март 2023 година тој изјави дека тој ден во црквата „Воскресение Христово“ запалил свеќа за жртвите од бомбардирањето на НАТО во 1999 година.

 

„Денес, во соборниот храм ‘Воскресение Христово’ во Подгорица запалив свеќа за упокојување на душите на невините жртви за време на бомбардирањето на НАТО во 1999 година. Се сеќавам на тогашните трагедии како момче и се молам никогаш повеќе да не се повтори, да победат разумот, мирот и љубовта меѓу луѓето“, се вели во соопштението.

 

Очекувано, објавувањето на оваа фотографија предизвика бес кај луѓето.

 

„Срам да ви е што го објавивте ова“, „Дали ова е истата фотографија од вас од март 2023 година? Дали сте вистински, дали е ова можно? „Срам да ти е за оваа објава. Како си толку мизерен?? Како?“, напишаа луѓето под неговата објава на „Инстаграм“.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.