Во Ротердам уапсен маж, осомничен дека за 12 дена убил три лица

Полицијата во Ротердам уапсила маж што сака да го испраша во врска со три убиства во градскиот кварт Ијселмонд во изминатите 12 дена, објави холандски „Телеграф“.

 

Маж, кој има 24 години и нема пријавено живеалиште, е уапсен вчера, нешто по 23 часот, на балкон од стан на Емелиседијк.

 

При апсењето полицијата пронашла пиштол, кој, според извештајот на „Телеграф“, осомничениот наводно се обидувал да го фрли. Полицијата дополнително соопшти дека сѐ уште е нејасен мотивот на напаѓачот и најави прес-конференција за денеска.

 

Првата жртва, 63-годишен маж, ја убил на 21 декември. Втората жртва, 58-годишен маж, ја ранил една недела подоцна, а третата жртва, 81-годишен старец, вчераутро. Од добиените повреди истиот ден починал во болница.

 

Според холандските медиуми, сите жртви биле избрани по случаен избор, без никакви криминални врски, а полицијата ги предупредила жителите на околината да бидат крајно внимателни кога се надвор. Шокираните локални жители изјавија за „Телеграф“ дека во станот во кој е уапсен осомничениот живеат две жени и дека претходно не го виделе осомничениот.

 

„Не го познаваме, но мило ми е што е уапсен“, изјави еден сосед за „Телеграф“. „Поминавме низ пекол изминативе неколку дена. Не се осмелив да излезам. Имам шест деца, но тоа можеше да ми се случи и мене“.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.