Србија прогласи Ден на жалост поради трагедијата во Цетиње
- Детали
- Категорија: Свет
- Создадено: 05 Јануари 2025
Во Србија денеска е Ден на жалост поради трагичниот настан во градот Цетиње, Црна Гора, каде што беа убиени 12 и ранети четири лица.
Одлуката за прогласување Ден на жалост беше донесена на вчерашната седница на Владата на Србија, по предлог на претседателот Александар Вучиќ.
Седницата започна со едноминутно молчење во чест на жртвите од масовното убиство што ја потресе регионот.
Трагедијата се случи на 1 јануари, кога вооружен маж застрела седум мажи и три жени, меѓу кои и својата сестра, како и две деца на возраст од 10 и 13 години. По страшниот чин, напаѓачот се застрела во главата и подоцна почина на пат кон болница. Четири лица кои беа тешко повредени се хоспитализирани и се наоѓаат под медицинска грижа.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс