Трамп: Зачувајте го „Tик-ток“
- Детали
- Категорија: Свет
- Создадено: 19 Јануари 2025
Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп денеска на својата социјална мрежа „Трут соушал“ изјави дека „Тик-ток“ треба да се спаси, откако платформата престана да работи во САД во саботата навечер.
Трамп претходно рече дека најверојатно ќе ја одложи забраната за „Тик-ток“ за 90 дена, откако ќе ја преземе функцијата утре, на што компанијата се повика во известувањето објавено до корисниците на апликацијата.
Платформата во сопственост на кинеската компанија „Бајт денс“, ги суспендираше операциите за корисниците во САД доцна во саботата пред денешната забрана на социјалната мрежа во Америка.
„Тик-ток“ исчезна од продавниците за апликации на „Епл“ и „Гугл“.
„Забраната за „Тик-ток“ е донесена во САД. За жал, ова значи дека засега не можете да го користите „Тик-ток“. Среќни сме што (новоизбраниот претседател на САД, Доналд) Трамп посочи дека ќе работи со нас на решение за да се врати „Тик-ток“ кога ќе ја преземе функцијата“, се наведува во пораката на апликацијата.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс