Најмалку три лица загинаа во снежното невреме што го погоди јужниот дел на САД, повеќе од 2.100 лета беа откажани
- Детали
- Категорија: Свет
- Создадено: 22 Јануари 2025
Најмалку три лица загинаа во снежната бура што го погоди јужниот дел на САД, од Тексас до Флорида.
Властите во Луизијана пријавија повеќе од 50 сообраќајни несреќи поради лизгави патишта, а во Остин и Џорџија три лица загинаа од последиците на ниските температури, објави „Еј-би-си њуз“.
Снежната бура ги погоди јужните американски држави, вклучувајќи ги Тексас, Луизијана, Мисисипи, Алабама, Џорџија, Јужна Каролина и Флорида.
Во Алабама властите предупредија дека сите патишта во три окрузи се непроодни.
Повеќе од 2.100 лета беа откажани низ САД, а аеродромите во Хјустон и Талахаси беа затворени.
Аеродромите во Хјустон се очекува да бидат отворени подоцна денеска.
Првпат во Тексас и Луизијана беше издадено предупредување за снежна бура.
Невремето исто така ги донесе најобилните снежни врнежи во Њу Орлеанс од 1963 година поради што многу училишта на југот беа затворени, а жителите беа советувани да останат дома.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс