Марк Цукерберг првин гледаше во деколтето на свршеницата на Безос, а сега отиде чекор понатаму
- Детали
- Категорија: ШоуБиз
- Создадено: 22 Јануари 2025
За време на претседателската инаугурација на Доналд Трамп, извршниот директор на „Мета“, Марк Цукерберг, не можеше да одолее на деколтето на Лорен Санчез, свршеницата на сопственикот на „Амазон“, Џеф Безос. Подоцна стана јасно дека таа очигледно му оставила многу силен впечаток.
Цукерберг стави „допаѓање“ на фотографијата што Санчез ја објави на својот инстаграм-профил, а на која позира во неверојатно издание.
Санчез остави само два збора покрај фотографијата – Starlight Ball – мислејќи на инаугуративниот бал што се одржа за кремот на општеството, кој го поддржуваше Трамп за време на изборната кампања и изборите.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс