
Членовите на техничкиот комитет и управителот на железницата во Србија уапсени поради уривање на натстрешникот
- Детали
- Категорија: Свет
- Создадено: 24 Февруари 2025

Во продолжение на акцијата на Специјалното одделение за сузбивање на корупцијата при Вишото јавно обвинителство во Белград, членовите на Специјалното одделение за сузбивање на корупцијата уапсија и неколку членови на техничката комисија за увид во работите на железничката станица во Нови Сад.
Како што дознава „Танјуг“, членовите на комисијата и управителот на „Српски железници“ – Белград, кој беше уапсен рано наутро, се осомничени за недолично работење во врска со уривањето на натстрешникот во Нови Сад на 1 ноември 2024 година кога загинаа 15 лица, а две беа тешко повредени.
Српскиот претседател Александар Вучиќ синоќа изјави дека натстрешникот паднал поради професионална грешка, а не поради корупција.
„Можеби имало корупција, но тоа нема врска со натстрешникот. Тој паднал поради професионална грешка, не затоа што еден подизведувач му платил повеќе или помалку на друг подизведувач“, изјави Вучиќ.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс
