Меџити-Лорковски: Владината процедура за усвојување на предлогот на Законот за климатска акција е во тек

Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити денес, на барање на директорот на Секретаријатот на енергетската заедница, Лорковски одржа билатерална средба на која се дискутираше за повеќе прашања, како што се Законот за климатска акција, измените на законот за животна средина, директивата за еколошка одговорност, како и за националниот план за редукција на емисии.

 

Меџити информира дека владината процедура за усвојување на предлогот на Законот за климатска акција е во тек, и дека се работи на адресирање на коментарите и мислењата добиени од институциите за што се одржаа средби со различни институции.

 

Во однос на постапките за оценка на влијанието врз животната средина, Меџити истакна дека стои зад решенијата кои не се во спротивност со начелата за заштита на животната средина и биолошката разновидност.

 

Двајцата соговорници разменија мислења за исполнувањето на Европските барања според Директивата за оценка на влијанието врз животната средина, статусот на Законот за климатска акција и механизмот за мониторинг, известување и верификација на емсии на стакленички гасови, како и други прашања од заеднички интерес.

 

Двајцата соговорници се заложија за унапредување на веќе добро воспоставената соработка.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.