Претседателот на Колумбија: Зеленски дозволи да го манипулираат Западноевропејците

Колумбискиот претседател го критикува планот на Украина да го потпише договорот за минералите со Соединетите Американски Држави нарекувајќи го тоа глупост на украинскиот претседател Володимир Зеленски, јавува „Анадолија“.

 

„Глупоста на Зеленски, јасно го кажувам ова, е тоа што дозволи да биде манипулиран од Западноевропејците, кои не знаат каде одат – кон Хитлер или кон ништо. Тие се борат со своите браќа Словени и на крајот им ја даваат Украина на Американците. Глупост“, напиша Густаво Петро на мрежата „Икс“ со веста за потенцијален договор меѓу Киев и Вашингтон.

 

На 3 февруари американскиот претседател Доналд Трамп потврди дека е заинтересиран за ретки минерали од Украина. Тој додаде дека војната во Украина мора да заврши и дека САД мора да добијат нешто за возврат доколку продолжат да му помагаат на Киев.

 

Вчера, тој рече дека слушнал оти Зеленски ќе дојде в петок. Тој посочи дека е отворен за состаноци додека траат преговорите. „Слушнав дека доаѓа в петок. Секако, добро е ако сака да потпише. Разбирам дека тоа е голема, многу голема работа“, им рече Трамп на новинарите во Овалната соба.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.