Белата куќа: Трамп го изеде ручекот наменет за Зеленски по прекинот на состанокот

Портпаролот на Белата куќа, Керолин Левит, изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп „буквално и фигуративно“ го изел ручекот наменет за украинскиот претседател Володимир Зеленски.

 

„Претседателот уживаше во ручекот. Тој буквално и фигуративно го изеде ручекот на претседателот Зеленски. Тоа беше негова одлука (да ја откаже официјалната вечера со Зеленски – уред.). Тој чувствуваше дека претседателот Зеленски не е во позиција да преговара за мир во моментот“, рече Левит, одговарајќи на прашање од водителката на Фокс њуз, Лаура Инграун, чија одлука беше да се откаже ручекот.

 

На социјалните мрежи беше споделена и слика од менито наменето за украинскиот лидер. Како што се гледа на сликата, Зеленски требаше да јаде пролетна салата од млада зелка, пилешко печено со рузмарин.

 

Во петокот, на 28 февруари, средбата меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и украинскиот претседател Володимир Зеленски во Овалната соба во Вашингтон заврши со неочекуван вербален судир, што резултираше со откажување на планираното потпишување на договорот за минерали.

 

Трамп и американскиот потпретседател Џеј Ди Венс го обвинија Зеленски за недостаток на благодарност за американската воена помош, додека Зеленски ја напушти Белата куќа порано од предвиденото.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.