Откопан е гробот на Зоки Фаци, се претпоставува дека крадци барале злато и вредни работи

Денеска е откопан гробот на Зоки Фаци.

 

„Во 14.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на православните гробишта во с.Катланово бил ископан гробот на починатото лице З.В.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, информираат од МВР.

 

За немилиот настан на социјалните мрежи се огласи и јутјуберот Стефан Лазаров, пријател на  покојниот Зоран Василевски.

 

„Таман кога човек ќе помисли дека полошо не може да биде се случува ваква работа. Некој го откопал гробот на Зоки, претпоставувам барајќи злато или вредни работи. Остана ли малку човечност помеѓу нас луѓето, 6 месеци немаат поминато!! Какви се тие монструми што прават вакви работи, срамота! Случајот е пријавен од семејството на Зоки и се надеваат дека од Министерство за внатрешни работи / Мinistria e Punëve të Brendshme во најбрз можен рок ќе бидат пронајдени сторителите и ќе бидат казнети за во иднина да не се случуваат вакви одвратни дејствија“, пишува на Фејсбук Лазаров.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.