
Маск за Украина: Уште колку родители без синови, деца без татковци
- Детали
- Категорија: Свет
- Создадено: 06 Март 2025

Европските лидери сакаат вечна војна во Украина, објави Илон Маск на X. Маск реагираше на објавата во која корисникот Wall Street Mav тврди дека данската премиерка Мете Фредериксен не сака да заврши војната во Украина бидејќи во тој случај рускиот претседател Владимир Путин би можел да нападне друга европска земја.
„Тие сакаат вечна војна. Уште колку родители без синови? Уште колку деца без татковци? Според нивната логика, никогаш нема да заврши“, напиша Маск.
Данската премиерка Мете Фредериксен на снимката вели дека замрзнувањето на конфликтот со некаква форма на прекин на огнот ќе и овозможи на Русија да ги подготви финансиите и војската за напад на друга земја.
„Ако дозволиме Русија да победи во оваа војна, жал ми е што директно ви го кажувам, тој ќе продолжи, тие ќе продолжат. Можеби ќе им дозволиме да бидат во подобра ситуација отколку што се денес. Ако ја запреме војната сега со некаква форма на замрзнат конфликт, прекин на огнот, што ќе и даде можност на Русија да се врати во Русија, да мобилизира повеќе ресурси и луѓе и можеби да нападне друга земја во Европа“, рече Фредериксен.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс
