
Захарова: Доколку странските сили дојдат во Украина, ќе одговориме со сите расположливи средства
- Детали
- Категорија: Свет
- Создадено: 13 Март 2025

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, предупреди дека распоредувањето странски сили во Украина ќе предизвика жестока реакција од Москва.
„Кремљ ќе го смета доаѓањето странски сили како директно мешање во конфликтот“, истакна таа. Додаде дека Русија „ќе одговори со сите расположливи средства“ доколку некоја земја се обиде да распореди свои војници во Украина.
Како дел од напорите да се гарантира безбедноста на Украина по каков било потенцијален мировен договор, европските лидери предложија испраќање мировни сили во земјата, потсетуваат медиумите. САД ја отфрлија можноста за испраќање свои војници, но Велика Британија и Франција се меѓу земјите во Европа кои ја разгледуваат можноста.
Британските медиуми минатата недела објавија дека 20-ина земји, главно од Европа и Комонвелтот, покажале интерес да се приклучат на т.н. коалиција на спремни, која би ѝ дала помош на Украина. Иницијативата за формирање таква коалиција доаѓа од Британија, поточно од кабинетот на британскиот премиер, Кир Стармер.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс
