
Трамп: Бев малку саркастичен кога ветив крај на руско-украинската војна за 24 часа
- Детали
- Категорија: Свет
- Создадено: 15 Март 2025

Американскиот претседател Доналд Трамп рече дека бил „малку саркастичен“ кога во текот на кампањата постојано тврдел дека војната меѓу Русија и Украина може да заврши во рок од 24 часа.
Трамп одговори на тоа прашање во интервју за емисијата „Full Measure“ додека неговата администрација продолжува да се обидува да посредува за решение, 54 дена од неговиот втор мандат.
„Бев малку саркастичен кога го кажав тоа. Она што навистина мислев е дека сакам да го решам и мислам дека ќе успеам“, рече Трамп.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс
