Трамп потпиша наредба за затворање на Министерството за образование

Опкружен со студенти и наставници, американскиот претседател Доналд Трамп потпиша извршна наредба во Белата куќа за затворање на Министерството за образование, објави „Ројтерс“.

 

Агенцијата забележува дека на тој начин Трамп ги исполнува своите долгогодишни предизборни ветувања на републиканските гласачи.

 

„Ќе го затвориме“, рече американскиот претседател непосредно пред потпишувањето на извршната наредба, додавајќи: „Ќе го затвориме и ќе го направиме тоа што е можно побргу“.

 

Така, образовната политика во училиштата ќе остане речиси целосно во надлежност на одделни држави и локални совети.

 

„Ние, едноставно, ќе го вратиме образованието на владите на државите каде што припаѓа“, рече американскиот претседател.

 

Одлуката ќе го означи почетокот на затворањето на одделот, како што изјави Трамп за време на церемонијата на потпишувањето на извршната наредба, но за неговото конечно затворање е потребно одобрение од Конгресот. А претседателот ја нема потребната поддршка за ова, пишува „Ројтерс“.

 

Уредбата доаѓа по минатонеделното соопштение на Министерството дека ќе отпушти половина од своите вработени. Ова е најновиот потег на Трамп во двомесечниот период по враќањето во Белата куќа, чија цел е реформатирање на американската администрација и намалување на владините трошоци и на бирократијата, забележува „Ројтерс“.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.