Кинескиот претседател: Нема победници во трговска војна

Кинескиот претседател Шји Џјинпинг во Виетнам ја почна еднонеделната посет на Југоисточна Азија сигнализирајќи ја посветеноста на Пекинг на глобалната трговија токму во моментот кога американскиот претседател Доналд Трамп ја разбранува глобалната економија со најновите тарифи.

 

Иако Трамп ги паузира новите царини за голем број земји, тој ги остави оние за Кина, втората по големина економија во светот, на 145 отсто.

 

Посетата на Шји ѝ овозможува на Кина да ѝ покаже на Југоисточна Азија дека е одговорна суперсила за разлика од тоа како САД под претседателот Доналд Трамп се претставуваат пред светот, рече Нгуен Как Гианг, истражувач во Институтот ISEAS „Јусоф Исак“ во Сингапур.

 

Кина може да работи на зајакнување на сојузите и изнаоѓање решенија за високата царинска бариера што САД ѝ ја поставија на нејзиниот извоз.

 

„Нема победник во трговска војна или тарифна војна“, напиша Шји во текст објавен во виетнамските и во кинеските официјални медиуми.

 

„Нашите две земји треба цврсто да ги заштитат мултилатералниот трговски систем, стабилните глобални индустриски и снабдувачки синџири и отворената и кооперативна меѓународна средина“, рече тој.

 

Претседателот денеска пристигна во Ханој на почетокот на дводневната посета на Виетнам.

 

Иако патувањето на Шји, веројатно, беше планирано порано, тоа стана значајно поради тарифната војна меѓу Кина и САД, двете најголеми економии во светот.

 

Шји во Виетнам ќе се сретне со генералниот секретар на Комунистичката партија на Виетнам, То Лам, и со премиерот Фам Мин Чин





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.