Вработената како референт од Куманово издавала и регистарски таблички без наплата, МВР со нови детали за случајот

Вработената како рефернт во Одделението за управни работи Куманово која одобрувала регистрација на возила без исполнување на техничките услови, го оштетила буџетот за  417.500 денари, соопшти МВР.

 

Според новите детали од полицијата  за овој случај, вработената со иницијали М.П. издавала регистарски таблици и платливи обрасци без да им изврши наплата, односно без да и бидат приложени уплатници за извршена уплата или непосредно да изврши наплата преку службениот Пос Терминал со банкарската картичка.

 

„Пријавената М.П.,  иако била свесна и знаела дека не се исполнети законски пропишаните предуслови,  несовесно постапила во вршење на своите овластувања и должности, без претходно да ја запази процедурата за регистрација на возила, со што нанела материјална штета на буџетот на МВР во износ од 417.500 денари“, соопшти МВР.

 

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди против М.П. поднесе предлог за поведување на постапка за кршење на работниот ред и дисциплина и изрече задолжителна мерка за отстранување на работно место-суспензија до завршување на дисциплинската постапка.

 

Како што веќе објави „Макфакс“, МВР претходно информираше дека таа дала зелено светло за регистрација на возила без технички преглед, но и на возач со истечена лична карта, за второто била на боледување.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.