Британскиот парламент го поддржа законот со кој се блокира Брегзит без договор
- Детали
- Категорија: Свет
- Создадено: 04 Септември 2019
Британскиот парламент го поддржа законот со кој се блокира Брекгзит без договор. Опозицијата, заедно со претставниците на Конзервативната партија, го усвоија законот на прво читање со 329 спроти 300 гласа.
Доколку биде одобрен во целост, документот ќе го принуди премиерот да побара продолжување на периодот на заминување после крајниот рок од 31 октомври. Борис Џонсон веќе предупреди дека во овој случај ќе инсистира на предвремени парламентарни избори.
Документот се очекува да биде изгласан во целост доцна оваа вечер и да биде испратен за одобрување од Домот на лордовите.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс