Во Приштина хоспитализиран пациент за кој се верува дека има коронавирус

Пациент на Косово за кој постои сомнение дека е заразен со коронавирус, бил примен во Универзитетскиот клинички центар во Приштина, пренесува српски „Телеграф“, повикувајќи се на косовските медиуми.

 

Пациентот е сместен на Клиниката за инфективни болести, а за случајот е најавена и вонредна прес-конференција која треба да се одржи наскоро, пишува „Телеграф“ врз основа на информации од „Коха“.

 

Бројот на смртни случаи од новиот коронавирус во светот се искачи на 725, а заразени се над 34.000 луѓе.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.