
Русија по примерот на Кина експресно гради болница за заразените од коронавирус
- Детали
- Категорија: Свет
- Создадено: 21 Март 2020

Во област надвор од Москва се гради нова болница за третман на пациенти заразени со коронавирус.
Многу градежни работници со тешка машинерија забрзано работат на склопување на монтажна структура, на локација на околу 50 километри југозападно од руската престолнина, пренесува Радио Слободна Европа на српски.
Градските власти најавија дека оваа болница со 500 кревети ќе биде завршена многу скоро.
Во моментов, пациентите за кои постои сомневање дека се заразени со коронавирус во Москва, се праќаат на лекување во Клиниката за инфективни болести во населбата Комунарка.
Заклучно со 17 март, во Русија има потврдено повеќе од 100 случаи на инфекција со Ковид-19, од кои над 50 случаи во Москва.
Досега нема регистрирани смртни случаи.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс
