Хаос на аеродром во Белгија: дојава за бомба во авион

Летовите од вториот најголем аеродром во Белгија се прекинати поради дојава за бомба во авионот на „Рајанер“. Според последните информации, авионот полетал од Порто, пренесуваат медиумите во регионот.

 

Како што изјави компанијата што управува со аеродромот, малку пред 11:00 часот по локално време, во авионот што слета на аеродромот Шарлроа беше „активирана закана за бомба“, соопшти компанијата што управува со аеродромот.

 

„Околу авионот е воспоставен безбедносен периметар, што бара затворање на пистата и прекин на сите операции“, рекоа тие.

 

Патниците сè уште не се евакуирани, објави локалната RTL, без да прецизира, дали станува збор за патниците во авионотили за патниците на аеродромот.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.