Во Франција нагло порасна бројот на смртни случаи од коронавирус

Француското министерство за здравство објави дека во последните 24 часа во земјата починале 112 повеќе луѓе како последица од коронавирусот, со што вкупната бројка се искачи на 562 лица.

Министерството соопшти дека во Франција до денеска се регистрирани 14.459 заразени, а ден претходно имаше 12.612 инфицирани.

Од нив, 6.172 се хоспитализирани, а 1.525 лица се во сериозна состојба. Половина од тешките случаи се пациенти под 60-годишна возраст.

Поради ширењето на инфекцијата локалните власти воведуваат проригорозни мерки за движење.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.