Во Црна Гора 102 новозаболени лица и двајца починати
- Детали
- Категорија: Свет
- Создадено: 03 Септември 2020
Во последните 24 часа во Црна Гора се регистрирани 102 новозаболени лица и двајца починати пациенти.
Институтот за јавно здравје објави дека биле анализирани 646 примероци на новиот коронавирус.
Најмногу заразени има во Подгорица - 40.
Вкупниот број на смртни случаи поврзани со инфекција со Ковид-19 од почетокот на јуни е 95, а од почетокот на годината - 104.
Пријавено е закрепнување на 46 пациенти.
Вкупниот број на активни случаи на Ковид-19 во Црна Гора во моментов е 811.
Од почетокот на годината, вкупниот број на регистрирани случаи на инфекција со коронавирус е 5.019.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс