Трамп го нарече докторот збунет, тој му одговори: маската ме штити повеќе од вакцина

Дури и ако вакцината за коронавирус е одобрена во наредните недели, тешко дека ќе биде широко достапна за јавноста до средината на следната година “, рече Роберт Редфилд, директор на Центрите за контрола и превенција на болести во САД.

Претседателот Доналд Трамп го обвини за грешка и му се потсмеваше дека е збунет.

„ Маските се најважната и најмоќната алатка што ја имаме во борбата против пандемијата. Дури и би можел да одам дотаму да кажам дека оваа маска за лице ме штити подобро од ковид отколку вакцината против ковид", му рече Редфилд на Трамп.

На Трамп му се спротивстави и неговиот претседателски противкандидат Џо Бајден.

„ Да бидеме јасни. Верувам во вакцината, верувам во научници, но не му верувам на Доналд Трамп", рече Бајден и додаде дека во моментов дури ни американскиот народ не може да му верува на Трамп.

Владата на САД најави дека ќе започне со дистрибуција на вакцината за Ковид-19 еден ден од добивањето на дозволата и планира можноста за ограничен број дози да биде на располагање веќе во текот на оваа година. Досега во САД починале 195.000 луѓе, повеќе отколку во која било друга земја.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.