Во Русија рекордни 9.000 новозаболени од Ковид-19
- Детали
- Категорија: Свет
- Создадено: 01 Октомври 2020
Во последните 24 часа во Русија се пријавени скоро 9.000 случаи на зараза, што е рекорден број на заболени во еден ден од 12 јуни.
Според последните податоци починале уште 169 заболени, со што вкупниот број починати од Ковид-19 достигнал 20.891, пренесува агенцијата ТАСС. Така, вкупниот број на заболени во Русија сега е 1.185.231.
Според податоците на кризниот центар, во последните 24 часа закрепнале уште 5.985 лица, а со коронавирусот се бореле вкупно 964.242 лица.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс