Путин за самоизолацијата - ова е експеримент, ајде да видиме како функционира во пракса

Рускиот претседател Владимир Путин ја опиша самоизолацијата во која се наоѓа по целодневното изложување на контакти со лица кои беа заразени со коронавирус, како тест.

Ваквиот коментар Путин го даде за време на видео конференција со членовите на владата и лидерите на владејачката партија „Единствена Русија“, пренесуваат медиумите.

„Неколку луѓе од мојот близок круг се разболеа, а еден од тие вработени е личност која работи во мојата непосредна близина“, рече Путин, додавајќи дека разговарал со таа личност непосредно пред да се разболи.

„Разговарав со него цел ден претходно“, рече Путин.

Тој објасни дека лицето со кое контактирал исто така било вакцинирано, но дека нивото на антитела му опаднало, по што повторно се вакцинирал и се разболел три дена по вакцинацијата.

Рускиот претседател, кој претходно тврдеше дека е целосно вакциниран со „спутник В“ , ја опиша неговата сегашна ситуација како природен експеримент.

„Ајде да видиме како ќе работи „спутник В“ во пракса“, рече Путин, додавајќи дека тестовите покажале дека неговите антитела се високи.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.