Омикрон откриен во 38 земји во светот

Омикрон е откриен во најмалку 38 земји во светот, но сè уште не е забележан смртен случај, објави Светската здравствена организација (СЗО).

СЗО предупреди дека може да поминат неколку недели за да се утврди колку е заразна оваа варијанта, дали предизвикува посериозна болест и колку се ефикасни третманите и вакцините против неа, објави Гардијан, пренесе Танјуг.

– Ќе ги најдеме одговорите што им се потребни на сите – изјави директорот на СЗО за вонредни ситуации, Мајкл Рајан.

СЗО вчера соопшти дека сè уште не видела извештаи за смртни случаи поврзани со омикрон, но ширењето на новата варијанта доведе до предупредување дека тоа би можело да биде причина за повеќе од половина од случаите на Ковид-19 во Европа во следните неколку месеци.

СЗО соопшти дека не треба да се паничи поради новооткриениот вид на корона вирус.

Главниот научник на СЗО, Сумја Сваминатан, изјави дека ситуацијата не е многу поразлична од онаа пред една година, пренесува Би-Би-Си.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.