Финскиот претседател и премиер го поддржаа членството на земјата во НАТО

Финскиот претседател и премиер го поддржаа членството на земјата во НАТО, соопштено е денеска.

Сојузниците во НАТО очекуваат дека Финска наскоро ќе добие членство, а доказ за тоа се зборовите на петмина дипломати и официјални лица кои го потврдија тоа.

Да потсетиме, премиерот на Велика Британија Борис Џонсон вчера вети дека земјата ќе ги брани Шведска и Финска во случај на потенцијална руска закана, а договори за безбедност потпиша во Стокхолм и Хелсинки, пренесе Телеграф.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.