Здравје/Фитнес

Пирамида на здравата исхрана

Ви ги претставуваме шесте различни категории на храна од кои се состои пирамида за здрава храна и кои секој ден треба да бидат застапени во исхраната.

 

Умереноста и рамнотежата се од суштинско значење за квалитетот на телото и линијата, и разновидната и здрава храна се токму она што ни помага во тоа.

 

Физичка активност:

Дневната физичка активност од 30 минути е повеќе од пожелна во зачувувањето на здрав ум и посилен имунолошки систем. Значи, пешачете, избегнувајте лифт, практикувајте спорт, возете велосипед а ако временските услови не дозволуваат едноставно запишете се на аеробик или зумба.

 

Житарици:

Во оваа категорија спаѓа храната како леб со цели зрна, тестенини, ориз и слично. Житариците се дозволени да консумираат шест до единаесет пати на ден.

 

Зеленчук:

Пожелно е да се консумираат две до три порции во свежа или варена форма. Изворот на енергија се смета дека се добива од зеленчук како пченка или компир, како и темно зелен лиснат зеленчук и црвен како морков.

 

Овошје:

Секојдневно се препорачуваат два до три овошни ужинки, што треба да бидат разновидни. Овошките како што се јаболка, сливи, портокали, боровинки или грејпфрут ќе ги задоволат дневните потреби за кои ве советуваат експертите.

 

Месо и мешунки:

Конзумирајте месо со малку маснотии. Дневно се препорачуваат две порции од месо и мешунки. Имајте на ум дека оваа храна содржи високо ниво на омега 3 масни киселини, како на пр. риба (лосос, харинга или пастрмка).

 

Млечни производи:

Вреден извор на калциум, кој е потребен секојдневно за раст, развој и одржување на коскената маса. Конзумирајте млеко и млечни производи со намален процент на маснотии.

 

Масти:

Паметно ограничете ја употребата на заситени масни киселини. Инаку, мастите кои доаѓаат од извор на храна, како што се рибите, коскените плодови и растителните масла, се природен извор на витамин Е и незаситени масни киселини, што значи дека тие имаат корисен ефект врз здравјето.

 

Слатки:

Закуските и слатки се еден од најголемите непријатели на витката линија, поради што тие се наоѓаат на самиот врв на пирамидата на храна која е најризична за појавата на дебелина. Строго ограничете го нивниот внес во организмот.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.