Казна од 6.000 евра за угостителски објект во општина Аеродром за преголема бучава

Општина Аеродром изрече и наплати парична казна во висина од шест илјади евра на правно лице за надминување на максимално дозволеното ниво на бучава.

 

При мерење на бучавата од страна на инспекторите за еден од угостителските објекти на териоторијата на Општина Аеродром е констатирано дека правното лице го нарушило мирот на граѓаните со штетна бучава.

 

„Имено, врз основа на член 50 став 1 од Законот за заштита од бучава во животната средина, нивото на бучава при вршење на угостителската дејност треба да е во рамките на пропишаните гранични вреднисти“, се истакнува во соопштението.

 

Општина Аеродром апелира до правните, но и до физичките лица да се придржуваат до пропишаните правила и закони со што ќе се избегнуваат нарушувања на мирот на жителите, а воедно и тие како институција да не бидат доведени до други вакви и слични ситуации во кои како што велат, мораат да изрекуваат прекршочни санкции.

 

Нагласуваат дека инспекторите на Општина Аеродром се постојано на терен, а секое детектирано прекршување на законите подложи на парична глоба. Ги повикуваат аеродромци доколку забележат какво било несовесно однесување, веднаш да пријават кај нивните служби.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.