Општина Аеродром изрече прекршочна казна од 88.000 евра на ЈП „Комунална хигиена – Скопје“

Општина Аеродром изрече прекршочна казна во износ од 88.000 евра на ЈП „Комунална хигиена – Скопје“ поради, како што велат, континуирано нефункционирање, несоодветно собирање отпад и негрижа за јавната хигиена на нејзината територија.

 

„По долг период на трпение и многубројни укажувања, Општина Аеродром изрече прекршочна казна во износ од 88.000 евра на ЈП „Комунална хигиена – Скопје“ поради континуирано нефункционирање, несоодветно собирање отпад и негрижа за јавната хигиена на нејзината територија. Оваа санкција не е политичка, туку институционална како резултат на утврдени пропусти во работата на претпријатието. Дополнително, жителите на Аеродром секојдневно се обраќаат до Општината со поплаки за преполни контејнери, неподнослива нечистотија на улиците во сите населби, иако редовно и уредно ги плаќаат комуналните давачки секој месец“, велат од Општината.

 

„Како градоначалник, сметам дека ова не е нормална и прифатлива состојба“, изјави в. д. градоначалникот Дејан Митески и додаде дека Општина Аеродром нема да дозволи да биде заложник на нечија неспособност и неодговорност.

 

Тој ги повика надлежните од „Комунална хигиена“ да ги преземат сите неопходни мерки за чиста животна средина и конечно да почнат да работат во интерес на граѓаните.

 

Митески најави дека Општината ќе продолжи со засилен надзор и санкции за секој што не ја извршува својата работа.
✅ Остануваме транспарентни и на страната на граѓаните!





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.