Дурмиши во посета на Турција, средба со министерот за трговија Омер Болат: Наш фокус е зајакнување на трговската соработка
- Детали
- Категорија: Бизнис
- Создадено: 29 Октомври 2024
Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши во рамки на посетата на Анкара, Република Турција денеска оствари средба со министерот за трговија на Турција Омер Болат.
На средбата која што се одржа во Министерството за трговија во Анкара, беше разговарано за трговските и економските односи помеѓу Турција и Северна Македонија, како и за развивањето и продлабочувањето на овие односи.
Страните на овој состанок се осврнаа и на можностите за соработка меѓу двете земји, а беше упатен и апел за зголемување на инвестициите.
Министерот Дурмиши на состанокот информираше дека Република Турција е меѓу нашите најзначајни трговски партнери и земја која континуирано инвестира во македонската економија во разни сектори како стратешки инвестициски партнер.
„Податоците за трговска размена покажуваат дека Република Турција минатата година е рангирана на 7-то место на листата на земји со кои Република Северна Македонија остварува најголем обем на трговска размена. Се надевам дека во наредниот период оваа соработка дополнително ќе се продлабочи“, кажа министерот Дурмиши на средбата.
Двајцата министери разговараа и за поголемо учество на турските фирми во македонски инфраструктурни и енергетски проекти во насока на зголемување на инвестициите во Северна Македонија.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс