(Видео) Вучиќ им се обрати на студентите, тие го игнорираа: објавени снимки од блокадата
- Детали
- Категорија: Свет
- Создадено: 28 Јануари 2025
Студентите, кои повеќе од два месецa блокираа околу 60 факултети во Србија поради трагедијата на железничката станица во Нови Сад, вчера почнаа 24-часовна блокада на Автокоманда – еден од најважните патишта во Белград. Блокадата завршува денеска во 10 часот.
Блокадата на Автокоманда следи по генералниот штрајк што се одржа во петокот во Србија. Студенти и други граѓани учествуваа во протестните прошетки. На штрајкот се приклучија и медиумите, бројни синдикати, наставници, професори, лекари, адвокати, средношколци, земјоделци…
Студенти, ученици и граѓани се сретнаа напладне и се поврзаа на договорените дестинации во многу градови низ Србија. Во штрајкот учествуваа и кина, книжарници, издавачки куќи, угостители, ноќни клубови…
Српскиот претседател Александар Вучиќ се обрати до јавноста и порача дека ќе бидат исполнети сите барања на студентите, а најави и реорганизација на Владата. Студентите на блокадите го игнорираа неговиот говор.
https://twitter.com/i/status/1883965037515268190
Центарот за истражување, транспарентност и отчетност (ЦРТА) вчера објави снимка од блокадата со дрон. Тоа е непартиска граѓанска организација посветена на развојот на демократската култура и граѓанскиот активизам.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс