Средствата од унгарскиот заем наменети за компаниите денеска на владина седница
- Детали
- Категорија: Бизнис
- Создадено: 28 Јануари 2025
На денешната владина седница се очекува да помине договорот за средствата од унгарскиот заем, наменети за компаниите.
Следен чекот би бил потпишување на договор со банките, а компаниите ќе треба да имаат минимум 20 отсто сопствено учество, додека максималниот износ што можат да го добијат е 10 милиони евра.
Фирмите ќе ги добијат парите со каматна стапка од 1,95 проценти, грејс период од три години и 12 години рок на отплата.
На социјалните мрежи се огласи премиерот Христијан Мицкоски
„Денес очекувам Владата да донесе одлука на домашните компании да се стават на располагање 250 милиони евра евтини кредити, по супер евтина каматна стапка од 1.95 што претставува историски највисока поддршка за домашните компании“, напиша Мицкоски.
Како што додаде, ова значи посилна економија, нови инвестиции и нови работни места.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс