Николоски: Нова линија Амстердам – Скопје

Политиките што ги спроведуваме во авиосообраќајот даваат конкретни резултати, напиша на социјалните мрежи вицепремиерот и министер за транспорт, Александара Николоски.

„По 12 години, успеавме повторно да ја вратиме линијата Скопје – Амстердам. Авиокомпанијата ‘Трансавија’ ќе лета двапати во неделата, и тоа четврток и недела, на релација Амстердам – Скопје – Амстердам“, вели тој.

 

Ова, според него, е нова можност граѓаните да ги искористат бенефитите од воведувањето нови дестинции во Европа и светот.

„За многу кратко време успеавме да овозможиме нови десетина дестинации од двата домашни аеродрома, со што даваме силен поттик и развој на воздушниот сообраќај, поконкурентни услови за патување и нови дестинации за граѓаните”, напиша Николоски на својот фејсбук-профил.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.