
Пратките ќе можете да си ги подигнувате сами од пакетомати – презентирана нова платформа
- Детали
- Категорија: Бизнис
- Создадено: 14 Март 2025

На промотивен настан денес беше презентиран нов начин за подигнување на пратките, што, како што беше посочено, ги надминува досегашните предизвици со доставата.
Се работи за воведување паметни автоматозирани пакетомати, а пратката би можеле да си ја подигнете со кодот што би пристигнал на вашиот мобилен телефон.
Решението во земјата го воведува „Мај бокс“ (My Box). Основачот на компанијата, Далибор Ѓошевски, изјави дека идејата е резултат на детаљна анализа на потребите на корисниците и предизвиците во постојниот систем за достава.
„Нашата цел е да обезбедиме модерно, ефикасно и достапно решение што ќе стави крај на загубените пратки, на долгите чекања и на ограничувањата на временски рамки во доставата“, рече Ѓошевски.
Во рамките на настанот се одржа и панел-дискусија за иднината на е-трговијата и предизвиците на логистиката, за тоа како иновативните производи и услуги од овој тип ќе го подобрат искуството на корисниците и ќе го оптимизират процесот на достава.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс
