
Скарлет Јохансон не сака да се фотографира со обожавателите на улица, ја откри и причината
- Детали
- Категорија: ШоуБиз
- Создадено: 14 Март 2025

Актерката Скарлет Јохансон (40) објасни зошто не и е удобно да се фотографира со обожавателите кои ја среќаваат во јавност. Говорејќи на оваа тема додека го промовираше нејзиниот претстоен филм Jurassic World: Rebirth, Јохансон изјави за InStyle дека не сака да биде „идентификувана“ во одредено време и место. „Тоа навистина навредува многу луѓе“, призна таа.
„Секако дека ценам што луѓето се мои обожаватели и среќни што ме гледаат. Но, секогаш им велам: Не сум на работа. А тоа значи дека не сакам никој да ме „сними“ како некој што бил со нив во тој момент и на тоа место. Јас правам нешто свое“, додала таа.
Актерката нагласи и колку и е важно да ја зачува анонимноста на нејзините деца.
„Мислам дека анонимноста треба да се зачува што е можно подолго, барем додека самите деца не одлучат поинаку. Тоа е одлука што ја донесов за нив“, додаде таа
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс
